Премолчена приказна: „Није проклета Америка, проклета је Македонија“
На адресата на Женски магазин пристигна уште една „Премолчена приказна“ од нашата верна читателка, Ивана Атанасоска.
Ви ја пренесуваме во целост:
,,Знаеш она кога запознаваш личност.. вистинската личност за тебе. Личност која си ја запознала по некоја игра на судбината. Пред таа личност ти си онаа вистинската, реална верзија од себеси. Пред тебе и таа личност е онаа вистинската, реална верзија од себеси. Се разбирате само со поглед.. ги имате оние inside jokes кои само вие си ги разбирате и доволен е само еден збор за и двајцата да не можете да се соземете од смеење. А сите други околу вас се прашуваат ,,што им е на овие двајца?".
Знаеш она кога запознаваш личност покрај која чувствуваш мир, чувствуваш спокој.. и покрај се што ти се случило во текот на денот лошо или добро, нервози, расправии, добра/лоша енергија.. знаеш дека и не е баш важно кога си покрај таа личност. Лутината меѓу вас трае максимум 5 минути, а потоа повторно на можете да се соземете од смеење за работи кои баш и немаат смисла..
Во прегратките на таа личност си и веќе ништо не е важно. Не, не е дека бегаш од реалноста.. дека чувствуваш некоја возбуда или што и да е. Само едноставно се чувствуваш среќно и спокојно. Се чувствуваш среќно што одлуките кои си го донела во животот те донеле до она што со сега. Се чувствуваш среќно што одлуките кои си ги донела те донеле до тоа да ја запознаеш таа личност која ти ја разубавува реалноста, ти го разубавува секојдневието.
Знаеш она кога постојат песни кои вас ви се ,,химни" или песни кои само вие од цело друштво ги знаете.. Ја уклучува таа одредена песна од другиот крај на собата, веднаш правите контакт со очи, се насмевнувате и почнувате да ја пеете песната..
Знаеш она кога таа личност заминува? Заминува во потрага по подобар живот.. подобра иднина. 998км. Па и не се многу. Минимум 11саати патување со кола.
Нема веќе секојдневно да се гледате, да се смеете, да пеете најразлични песни.
Нема веќе секојдневно споделување на работи кои се случиле во текот на денот.. нема веќе секојдневно да се тешите еден со друг кога нешто лошо би се случиле или едноставно не сте во mood.
А што можеш да направиш.. како можеш да делуваш тука? Како можеш да смениш нешто?
Без разлика дали сакаш или не сакаш да замине.. не се работи само за тебе во ситуацијата.
Се работи за подобар живот на таа личност. Се работи за подобра иднина на таа личност, за напредување во кариерата. Се работи за избегнување неправди, дискриминација, нееднаквост. Се работи за избегнување на путер со поминат рок и крадење на човечки органи.
Се работи за сѐ што во оваа мизерија наречена Северна Македонија, недостига.
Short ivana ted talk - ,,Није проклета Америка, проклета је Македонија" "
*Постојат уште мал милион приказни кои никогаш не биле раскажани, мал милион приказни кои никогаш не биле слушнати, а тие приказни сте ВИЕ.
Ве охрабруваме и Вие да ја раскажете вашата приказна за Женски магазин.
*Испратете ни ја на официјалниот е-маил contact@zenskimagazin.mk
Може да ве интересира:
-Премолчена приказна: Јас колку што знаев баба ми и дедо ми имаа прекрасен брак
-Премолчена приказна: Секвенца - автобиографска
фото:pinterest