Принцеза тврди дека разговара со ангели, а нејзиниот сопруг вели дека „заболените од канцер сами ја избрале најтешката болест“: Семејството сака да се откаже од скандалозниот пар

Принцезата која разговара со ангелите и самопрогласениот шаман кој продава скапи медалјони за кои тврди дека лекуваат се најнеобичниот пар кој е лудо вљубен и со сите сили се бори да ги освои срцата на Норвежаните.

Марта Луис, разведената 51-годишна ќерка на норвешкиот крал и кралица, повторно го изгради својот живот со Дурек Верет, популарен холивудски духовен гуру.

Принцезата и шаманот Дурек, како што го нарекуваат неговите ѕвездени следбеници како Гвинет Палтроу и Антонио Бандерас, во јуни објавија дека се вериле, со благослов на кралот Харалд.

Но, романсата не наиде на позитивни реакции во Норвешка бидејќи црниот „шаман од шестата генерација“ во својата книга „Хакирање на духот“ изнесе неколку бизарни тврдења, меѓу другото, дека најтешката болест - ракот, всушност е избор на оној кој го добива.

View this post on Instagram

A post shared by Durek Verrett (@shamandurek)


Тој препорача и вежби за отстранување на „отпечатоците“ од вагините на жените што ги оставиле претходните сексуални партнери.

И на својата веб-страница тој продава медалјон за 222 долари наречен „Spirit Optimizer“ за кој тврди дека му помогнал да го надмине Ковид.

Неговите ставови предизвикаа бурни реакции во Норвешка.

„Тој е измамник, шарлатан и лажго“, напиша норвешкиот колумнист Дагфин Нордбо.

Расизам?

Анкетата во Норвешка минатиот месец покажа дека 17 отсто од Норвежаните сега имаат пониско мислење за кралското семејство, а сите како причина ги наведуваат принцезата и шаманот.

Критиката доаѓа во време на дебата за улогата на монархијата во многу европски земји, при што неколку кралски куќи најавија намалување на бројот на активни членови и модернизација.

Норвешката монархија долго време ужива широка поддршка, најмногу благодарение на нејзината приземна природа, со 85-годишниот крал Харалд познат по прифаќањето на прогресивните вредности на земјата.



„Зборник на култури“

Ова не е прв пат Марта Луис да предизвикува контроверзии.

Љубителка е на алтернативни терапии, таа тврди дека има моќ да зборува со ангели.

Таа ја загуби титулата „Нејзиното кралско височество“ во 2002 година кога се повлече од кралските должности за да стане психичар, а во 2019 година се согласи да не ја користи титулата принцеза во нејзините комерцијални потфати.

Контроверзии предизвика и нејзиниот прв сопруг, писателот Ари Бен, со кој има три ќерки, кој се самоуби во 2019 година, три години по нивниот развод.

Овој пат се чини дека ексцентричностите кои ги прикажуваат принцезата и шаманот Дурек се премногу за нормално флегматичните Норвежани.

„Кралското семејство би требало да биде обединувачка сила. Проблемот е што Марта Луис и Дурек Верет се сосема спротивни: контроверзни и поларизирани со можни надрилекарства“, вели историчарот Тронд Норен Исаксен.

View this post on Instagram

A post shared by Märtha Louise (@iam_marthalouise)



„Повеќето Норвежани го презираат фактот дека можете да заработите од она што тие го сметаат за глупост што доаѓа со печатот на одобрување на принцезата“.

Според познатите списанија во Норвешка, кралот Харалд, Марта Луис и престолонаследникот Хакон одржале „кризни состаноци“ за да разговараат дали принцезата може да ја задржи титулата.


Фото: Инстаграм