Природни и без грам шминка: Анета Молика на гости кај Татјана Лазаревска во Австралија - полна куќа спомени и музика (ФОТО)

Фолк-пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски со синовите Стефан и Петар веќе седум години живеат во Мелбурн, Австралија каде што купија куќа.

Тие редовно, на социјалните мрежи, објавуваат фотки кои сведочат за убавините на нивниот живот таму, а неретко се и домаќини на многу наши познати естрадни уметници.

Така деновиве тие ја угостија пејачката Анета Молика и објавија фотографи од нивната дружба.

- Привилегија е да се има ваква пријателка и колешка - напиша Татјана за Анета Молика и објави фотки на кои двете пејачки се во природно издание, без грам шминка.

- Какво прекрасно дружење со Анета и „Молика“ во нашиот дом во Мелбурн, полна куќа со спомени и музика... сите уживаме, ви благодариме „Молика“ - додаде Татјана заедно со повеќе фотки на кои се и синовите на Татјана и Новица.

Неверојатна сличност: Ќерката на Анета Молика е убавица која влече гени од мајка ѝ


Најубав на мама: Петар, поголемиот син на Татјана и Новица е матурант (ФОТО)


Македонска свадба во Сиднеј: Татјана Лазаревска со круна од долари на главата, со сопругот Новица направија одлична атмосфера


(ГАЛЕРИЈА) Татјана и Новица купија куќа во Мелбурн