Рецепт за Фалафел вегански кофтиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Силви Плевнеш
Силви Плевнеш минатата недела ни раскажа како ги поминуваат
деновите во изолација со семејството, но и што ново да очекува публиката од
Силви Бенд.
Силви, ни се придружи и кон иницијативата на Женски магазин, ни ипрати рецепт за Фалафел (Вегански) кофтиња. Пејачката за овие вегански кофтиња вели дека потекнуваат од Блискиот исток.
Потребни намирници:
- 340 гр. варен наут
- 1 мал кромид
- 1 рака магдонос
- 3 чешниња лук
- 2 супени лажици брашно
- 2 супени лажици кумин (мелен ким)
- Масло за готвење
- Сол и црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
Ако планирате да ги
правите кофтињата Фарафел за утрешниот ручек, треба да го оставите наутот
да отстои во вода цела ноќ и потоа да го зготвите во Експрес лонец околу 20
минути, додека да омекне – можете да купите готов варен наут, но тој е поскап
отколку сами да го зготвите.
Додека го готвите наутот, можете да
ги исецкате кромидот, магоносот и лукчето.
Откако ќе омекне наутот, убаво
исцедете го и убаво измешајте го со кромидот, лукот и
магдоносот и додадете кумин, сол и бибер. Целата ова смеса ставете ја во сецко и
сецкајте се додека не се иситни наутот. Пред крајот додаваме 2 лажици
брашно. Ние користиме брашно од наут, меѓутоа доколку немате можете да
користите и обично брашно. Смесата убаво ја мешаме и правиме 6 топчиња со иста
големина. Топчињата ги ставаме да отстојат во фрижидер неколку минути додека да
се загрее маслото за пржење и потоа ги пржиме додека да добијат златна боја.
Убаво исцедете ги од масло пред послужување.
Фалафел кофтињата
ги редиме на чинија и украсуваме со таратор и млади кромитчиња.
Прекрасно!
* Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез
* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries
* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова
* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова
* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка
*Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова
*Рецепт за брза пита: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Маја Аргакиева
*Рецепт за банана леб: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и 11-годишната Јована* Рецепт за Велигденски чоколадца: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Нина
* Рецепт за Пита Пица: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Александра Силјаноска
* Рецепт за Брза чоколадна торта: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска * Рецепт за Иви чизкејк: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и @krstevskaiva
* Рецепт за солен кох со спанаќ: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и тетка Маре