Рецепт за Брза чоколадна торта: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

Добивај вести на Viber

Ивона Христова Илевска за иницијативата на Женски магазин испрати неколку рецепти. За денес одлучивме да го споделиме со вас рецептот за Брза чоколадна торта со состојки кои дома ги имаме претежно сите во секое време. 

Додека го варите попладневното кафе направете го следното:

Земете сад за матење, и следните намирници:


* 1 јајце

* 200 гр шеќер

* 245 мл млеко

* 130 гр брашно

* 80 гр какао

* пециво

* ванила

* 100 мл топла вода


Декорација

* чоколадо за готвење

* 2-3 лажици млеко

* 2 лажици масло


Начин на подготовка:

Матете го јајцето со шеќерот, кога ќе се измати убаво, додадете ги останатите состојки ОСВЕН ВОДАТА. Убаво изматете, кога ќе се соедини се додадете ја водата (топла) матете уште некоја секунда. И печете во загреана рерна на 170 степени ( препорачувам округло тавче 20 цм дијаметар, а ако немате - важна е иницијативата за готвење :) печете во какво имате)

Стопете на чоколадата со млекото и маслото. Посипете ја тортата и бројте до 20 - тортата ќе ја снема :) ПРЕВКУСНА и прелесна :)

Ако немате чоколада за готвење одлична е со шеќер во прав. 


 (читај обавезно) Можете да ја завршите декорацијата со јагоди, малини, рибизли, ореви, и секако многу љубов.




Бон апетит!!  Ивона Христова Илиевска

Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез

* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries

* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова

* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова

* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка

*Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова

*Рецепт за брза пита: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Маја Аргакиева

*Рецепт за банана леб: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и 11-годишната Јована
* Рецепт за Велигденски чоколадца: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Нина

* Рецепт за Пита Пица: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Александра Силјаноска

* Рецепт за Тахини Барови: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Радица Костова