Се огласи Аспазија Софијанова: Работам за Детска клиника и кога не сум таму, платата никогаш не ми била 300.000 денари

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софија, се огласи на социјалните мрежи со демнат дека нејзината плата изнесува 300.000 денари по вчерашното јавно објавено видео од новинарот Фуркан Салиу, во кое тој тврди дека поголемиот дел од примањата на докторката се од надоместоци за дежурства.

„Почитувани пријатели и сите останати. Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш“, тврди Софијанова.

Таа тврди дека работи за клиниката и кога не е физички присутна на работното место, а дека реакцијата следувала како резултат на шокот што го доживеала.

продолжува на Фактор.мк