Се преправам дека сѐ е во ред и штом ги оставам, почнувам да плачам: Ким Кардашијан со солзи во очите за кородителството со Канје Вест
„Кородителството со Канје Вест е толку проклето тешко, се преправам дека сѐ е во ред“
Ким Кардашијан во солзи зборуваше за заедничкото родителство со поранешниот сопруг Канје Вест во емотивно интервју.
Ким Кардашијан искрено зборуваше во подкастот на Angie Martinez IRL за заедничко родителство на нејзините деца со поранешниот сопруг Канје Вест. Двајцата се официјално разведени од ноември 2022 година и го делат старателството над ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.
„Јас лично го имав најдобриот татко и имам само најубави спомени од него. И го сакам тоа и за моите деца“, рече Кардашијан во интервјуто и со солзи признава: „Кородителството е ужасно тешко!“
Ким рече дека се обидува да ги заштити своите деца од јавноста.
„Ако тие не знаат што се зборува и што се случува во светот, зошто воопшто би сакала да им ја пренесам таа енергија? Тоа е тежок товар и за возрасните. Тие се уште не се подготвени да се справат со тоа. А кога ќе бидат, ќе ги правиме тие разговори и ќе бидам подготвена, но дотогаш ќе направам се за да им го направам животот што е можно понормален“, додаде 42-годишната ријалити ѕвезда.
„Морам да имам насмевка на моето лице“
- Кога таа ги вози децата на училиште и тие сакаат да ја слушаат музиката на татко им, без разлика низ што поминуваме, морам да се смеам и да пеам со моите деца, продолжи Кардашијан.
- Се преправам дека се е во ред и штом ги оставам, почнувам да плачам.
Кардашијан објави серија слики на Инстаграм со децата за Божиќ без нејзиниот поранешен сопруг.
Кардашијан и Вест беа заедно од 2012 година, а се венчаа во мај 2014 година. Нивниот брак наиде на пречка во екот на јавните испади на Вест во 2020 година, откако тој започна контроверзна кандидатура за претседател на САД, откривајќи многу лични детали за неговото семејство и бракот за време на кампањата и на Твитер. Потоа, во ретка изјава за јавноста, Кардашијан се осврна на дијагнозата на биполарно растројство на Канје, барајќи од фановите разбирање и признавајќи дека е во „комплицирана и болна“ ситуација.
Во февруари 2021 година, Кардашијан поднесе барање за развод од Вест по речиси седум години брак.
Поткастот со Ким: