Ќе се бори до крај: Шенон Доерти не се откажува од битката со рак - еве како се чувствува сега
Sвездата на Беверли Хилс, американската актерка Шенон Доерти, откако напиша проштални писма за ракот со кој се бори, реши да не се откажува и да се бори со болеста до крај, верувајќи дека чудо ќе ја излечи.
Шенон Доерти се бори со рак на дојка откако ѝ беше дијагностициран во 2015 година, а откако на својот профил на Инстаграм неколку пати изјави дека ги брои деновите до погребот, дури и го одбра фустанот во кој сака да биде погребана, се чини дека успеала повторно да „стане“ на нозе.
Папараците ја „фатија“ славната актерка во Лос Анџелес во близина на нејзиниот дом за време на шопинг. Излегла со мајка си Роуз на еден сончев ден во трговски центар. Тие пренесуваат дека може да се каже дека Шенон изгледа добро, со оглед на болеста со која се бори.
Да потсетиме, последен пат кога рече дека подготвува проштални писма за своите роднини, таа шокираше зборувајќи отворено за нејзината претстојна смрт. Сепак, се чини дека актерката не се откажала и цврсто се бори со болеста.
извор: 24Sedam.rs/Alo.rs/Đ.M.
фото:Theshando