Сите ѝ се воодушевуваа на Наташа од „Жикина династија“: Денес на 52 години ужива во среќниот брак и е подеднакво убава

 Наташа од „Жикина династија“, Драгана од „Метла без рачка“, Весна од „Јагода во грлото“... Во која улога и да се појавеше, Гала оставаше без здив со својата убавина. Едноставно важеше за секс симбол во поранешна Југославија.

Актерката Гала Алексиќ застана пред камерите за прв пат како дванаесетгодишна и со својот шарм и убавина одбележа една ера на југословенската кинематографија. Таа остави длабока трага во бројни филмови и серии, а еден од нејзините проекти што беше најважен за неа беше серијата „Метла без рачка“, бидејќи се покажа дека еден од режисерите е љубовта на нејзиниот живот - Владимир Алексиќ.

За Владимир, Гала подоцна се омажи и со него основаше семејство, односно ги имаше синовите Демијан и Павле.

По бракот го смени своето презиме Виденовиќ, денес е Гала Алексиќ, но публиката сепак ја памети по моминското презиме.

- Луѓето ме паметат како Гала Виденовиќ, а јас сум Алексиќ со години. Но, јас сè уште сум истата личност. Не ми пречи. Напротив, тоа ме забавува - рече во една прилика таа.

Таа тогаш истакна дека три многу едноставни работи се одговорни за нејзината брачна среќа.

- Ако сите имаа брак како нашиот, процентот на разводи во Србија ќе беше драстично помал. Не знам кој е тајната, но има три важни ставки: комуникација, почит и љубов. Звучи едноставно, нели? Пробајте - рече убавата актерка.

Актерката ја занемари својата кариера, односно направи пауза со цел да се посвети на семејството, а долго време живееше на релација Србија-Австралија и Србија-Америка. Таа повторно се појави на екраните во серијата „Андрија и Анѓелка“ во 2016 година, а потоа и во серијата „Домашно милениче“.

Пред неколку години, Гала доживеа тешка сообраќајна несреќа кога на пешачки премин на неа налета еден несовесен возач и ѝ нанесе тешки последици.

По таа повреда, замина на одмор на Бали, по кој изјави дека ја запозналка хинду филозофијата на живеењето. 

Денеска, таа има 52 години и сѐ уште изгледа одлично. 

фото:DAMIR DERVIŠAGIĆ 

извор:GLOSSY