Среде венчавка: Младенци си ги избричија главите во знак на поддршка за мајката на невестата болна од рак

Емотивно изненадување за мајката на невестата на денот на нивната венчавка - излегоа на подиумот и ги избричија главите во знак на солидарност со нејзината борба против ракот.

Луни Макапагал од Окланд, Нов Зеланд беше дијагностициран со рак на јајници во фаза 4 во 2018 година. Таа беше подложена на операција и хемотерапија, како и третман со зрачење и лекови за спречување на болеста.

Ќерката на Луна, Џони (20), сакаше да ја изненади својата мајка - со тоа што ја избричи главата во знак на солидарност, а идејата ја предложи нејзиниот тогашен свршеник, а сега и сопругот Алистер (20).

Алистер сметаше дека и двајцата треба да ја избричат ​​главата на самиот ден на венчавката, па на 21 ноември, на денот на нивната свадба, по првиот заеднички танц, гостите, вклучително и родителите на Џони, мислеа дека парот ќе изведе традиционален филипински танц каде гостите ќе им дават пари на парот. Но, наместо тоа, диџејот објави дека парот планира да направи нешто поразлично па Алистер седна и Џони му ја избричи главата.


Просторијата се исполнила со комбинација од смеа и солзи, парот си ги заменил местата, па Алистер ја избричил и косата на сопругата - сето тоа за добротворни цели. Двојката отвори страница за донации каде собраните средства ќе бидат наменети за здружение за рак во нивниот роден Нов Зеланд.

Алистер рече дека сакал да ја поддржа неговата сопруга, заради нејзината мајка како знак дека борците против рак никогаш не се сами на својот пат и секогаш ќе имаат поддршка. За жал, два месеци по нивната венчавка, Луна почина на 12 јануари 2021 година, а парот продолжи да ја споделува својата приказна за да ја подигне свеста за болеста.

Џони рече: „Бевме толку среќни кога видовме колку тоа ја прави среќна и горда. Реакциите беа многу неочекувани, сите на свадбата плачеа и ни раскажуваа колку се горди. Добивме донации од целиот свет, што исто така беше многу неочекувано и им сме многу благодарни на оние кои донираа или дадоа зборови за поддршка.“

Инаку, Џони и Алистер се познаваат уште од својата петта година и одеа заедно на училиште. Тие започнаа да се дружат пред три години. Алистер ја запроси на 21 октомври во Ботаничката градина откако побара дозвола од Луна да се омажи за нејзината ќерка.

Минатиот ноември, Џони вели дека нејзината мајка изјавила дека би сакала да биде на нивната венчавка и често се шегувала по тоа прашање.

„Таа сакаше да ја види венчавката сега, не подоцна кога може да биде предоцна“, рече Џони, пренесува Дејли меил.

извор:24sata.hr
фото: Pia Bacino & Anaru Church Songbirds Photography / Facebook/jonylee