Веќе не ја крие нетрпеливоста кон снаата: Божиќната порака поради која Викторија Бекам ја нарекуваат „свекрва од пеколот“ (ФОТО)
Откако прославената креаторка му го честиташе Божиќ на својот син Бруклин, сите се прашуваат дали тоа е индиректна порака до нејзината снаа...
Викторија Бекам е ултра популарна во целиот свет уште од првите денови на нејзината кариера, а љубовта со фудбалерот Дејвид Бекам го зголеми интересот на медиумите и јавноста за нејзиниот живот.
Сепак, Бекам во изминатите децении главно не беше проследена со скандали и е позната по мирниот семеен живот и негувањето на добри односи со сите околу неа. Така беше барем додека во нејзиниот живот не дојде Никола Пелц, актерка, милијардерка и сопруга на синот на Бекамови, Бруклин.
Со месеци се шпекулираше дека снаата и свекрвата се во лоши односи, а сега постојат сомнежи дека Викторија Бекам испратила јавна порака до нејзината снаа на суптилен начин.
Имено, модната дизајнерка сподели неколку фотографии на Инстаграм на кои откри како нејзиното семејство го слави Божиќ и напиша:
- Тато ја продолжува семејната традиција на Бекамови. Па го „означи“ својот син Бруклин и му порача:
- Те сакаме и ни недостигаш!
Многумина веруваат дека Викторија ја обвинува Никола Пелц дека го разделила Бруклин од семејството, бидејќи најстариот син на Бекамови поминува повеќе време со семејството Пелц, чие презиме го додаде на своето по венчавката. Викторија не ја ни спомна својата снаа, ниту јавно ѝ го честиташе Божиќ, а коментарите на фановите се брутални.
„Викторија Бекам е пеколна свекрва“, „Никола ми е одвратна, но оваа е уште полоша“, „Кутрата Никола Пелц со ваква свекрва“... се дел од реакциите.
Да потсетиме, странските медиуми пишуваа дека несогласувањата меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц започнале пред свадбата на најстариот син на Бекамови, бидејќи актерката очекувала венчаница со потпис на нејзината свекрва, но тоа едноставно не се случило.
Многумина беа изненадени што Никола носи венчаница на познатиот италијански бренд „Валентино“ иако нејзината свекрва Викторија е сопственичка на модна куќа и познат дизајнер, а актерката во интервју проговори како дошло до тоа. Како што истакна, Викторија и таа прво се договориле заедно да дизајнираат венчаница.
- Стапивме во контакт за да започнеме со дизајнирање на фустанот, а потоа поминаа неколку дена и не слушнав ништо од неа. Викторија ѝ се јави на мајка ми и рече дека нејзиното ателје не може да постигне - изјави Никола во интервју за магазинот Грација.
Што мисли Бруклин Бекам за се, покажува неговата изјава за истиот магазин дека сопругата му е „приоритет“ и дека „се поддржуваат 100 проценти“.
Актерката истакна и дека била многу возбудена што ќе работи со својата свекрва на венчаницата.
- Мислев дека ќе биде толку убаво- изјави Никола Пелц.
Викторија Бекам не се изјаснила за овие тврдења на нејзината снаа, а извор близок до семејството тврди дека ништо од тоа не е точно.
извор:GLOSSYВака се однесува модерната свекрва по кавга со снаата: Никако не може да се разбере со сопругата на синот
Ѝ ја отвора вратата, ѝ купува цвеќе, ја носи на грб, а таа - несреќна: Зошто синот на Дејвид Бекам ја освои титулата за најголем папучар
Секој би посакал ваква љубовна порака: Дејвид Бекам на најпрекрасен начин ѝ го честиташе роденденот на Викторија