Вештачката интелигенција предвиде како би изгледале сестрите Кардашијан-Џенер доколку природено старееа: Разликата е голема (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Меѓу најочигледните разлики се усните на Кајли Џенер и носот на Клои Кардашијан.

Вештачката интелигенција предвиде како би изгледале членовите на семејството Кардашијан-Џенер доколку природно старееа, без да се подложат на естетски корекции.

Риајлити сестрите се познати по љубовта кон естетски зафати, па во ова видео изгледаат многу поинаку отколку во реалноста, пренесува „Дејли мејл“.

Видеото кое го креираат популарните австралиски стримери „Wandahood Live“ оценува како денес би изгледале сестрите Кардашијан, нивната мајка Крис Џенер и најмладата Кајли Џенер.

Единствен исклучок од видеото е Кендал Џенер, која се чини дека најмалку го променила својот изглед низ годините.

Снимката покажува колкава е разликата во нивниот изглед ако не биле подложени на некакви операции и корекции.

Меѓу најочигледните разлики помеѓу оригиналната и изменетата верзија се усните на Кајли Џенер и носот на Клои Кардашијан.

Кајли претходно призна дека користела филери за усни, додека Клои неодамна потврди дека го оперирала носот. И покрај препознатливоста на ријалити ѕвездите за интервенциите, нивните обожаватели се многу изненадени од разликите прикажани во видеото.

Погледнете:

@vandahoodlive Which Kardashian or Jenner do you think had the biggest transformation? @Rugged snake #kardashians #kyliejenner  #plasticsurgery #vandahoodlive #ai original sound - VandahoodLive

извор:оna.rs