(ФОТО) Хари и Меган Маркл ја купуваат куќата на Мел Гибсон во Малибу: Куќа од соништата

Хари (35) и неговата сопруга Меган Маркл (38) наводно ја купуваат вилата на Мел Гибсон во Малибу за 12 милиони фунти, што ќе биде нивниот дом во иднина, јавуваат британските медиуми.


Пред оскаровецот, актер и режисер Гибсон, сопственик на вилата со два базени, со приватна теретана и преубав излез до плажа, беше и актерот Дејвид Духовни, sвезда од серијата Досиекс Х, до 2008 година.

Наводно, кралската двојка се пресели во Калифорнија од Ванкувер кон крајот на минатиот месец, откако на почетокот на годината објавија дека ги напуштаат сите кралски должности и се преселиле во северноамериканскиот континент со нивниот син Арчи (1).

Агент за недвижнини изјави за „Дејли меил“ дека двојката е многу заинтересирана за вилата со пет спални соби.

Веста за прв пат беше објавена на Инстаграм од агентот Андреа Пилот, кој напиша: „Голема вест - принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат куќата на Мел Гибсон“.

Агенцијата што ја продава куќата соопштила за новинарите дека договорот сè уште не бил потпишан, но дека тие биле многу блиску до потпишување на истиот.


фото: Getty Images / Guliver, Profimedia