(ФОТО) Недостига твојот глас што лечеше сѐ: Сопругата на Шабан Шаулиќ со емотивна објава за неговиот роденден

Шабан Шаулиќ пред неколку месеци загина во сообраќајна несреќа во Германија, а вдовицата на кралот на фолк музиката, Гордана, одлучи со емотивна објава да го обележи неговиот посебен ден.

Имено денеска музичарот би го прославил својот 68-ми роденден.

- Денеска е воедно најсреќен и најтажен ден. Денеска на оваа насмевка ѝ е роденден. 68 години би наполнил. Веќе? Недостигаш толку што нема зборови кои тоа би го опишале. Недостига твојот глас на славеј што лечеше сѐ. Знам дека од горе гледаш и следиш сѐ, најмногу ги чуваш твојата Гоца, Санела, Илда и Михајло. Засекогаш си тука. Среќен роденден, кралу- напиша неутешната сопруга.



Љубовната приказна на Шабан и неговата сопруга Гордана со која во брак поминаа заеднички 43 години личеше на бајка.

Ќерката Санела ги усреќи со два внуци Лука и Уна, а пак ќерката Илда со внуката Ема. Синот Михајло кој требаше да прави свадба наскоро, го премести датумот за наредната есен.

Шабан има и 47- годишен вонбрачен син, Роберт Шаулиќ кој во моментов е во тешка финансиска, но и здравствена состојба.