Меган Маркл лажеше и кај Опра, и со години лаже: Најдобрата пријателка ја разоткрива војвотката

Добивај вести на Viber

Интервјуто дадено од војводата и војвотката од Сасекс за легендарната Опра Винфри не престанува да ја интригира јавноста

За време на разговорот со Опра, Меган Маркл истакна дека не знаела премногу за британското кралско семејство, бидејќи пораснала во Америка, не знаела многу за Виндорс и дека никогаш не пребарувала на Интернет за принцот Хари.

Во интервјуто што Хари и таа го дадоа во 2018 година по повод нивната свршувачка, Маркл рече дека не знаела многу за своето момче кога првпат го запознала и дека ја интересирало само дали е добар.

Сепак, судејќи по сè што се случи, се поставува прашањето дали тоа е точно.

Набргу по венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, најдобрата пријателка на поранешната актерка, Нинаки Приди, која беше деверуша на нејзината прва венчавка со Тревор Енгелсон, рече дека знае многу повеќе отколку што тврди. Наводно, поранешната актерка и денешна војвотка од Сасекс исто така била свесна за тоа кој е принцот Хари и колку е важно кралското семејство во Велика Британија. Згора на тоа, Приди тврдеше дека Меган била опседната со нив!

- Не сум шокирана. Како да го планирала тоа цел живот. Таа добива сè што сака и Хари падна на нејзината глума - изјави Приди за „Експрес“ откако беше објавено дека Меган се мажи за Хари.

Нинаки Приди е инаку на познатата фотографија на Меган Маркл од нејзините тинејџерски денови, кога две пријателки позираат пред Бакингемската палата на патот кон Лондон, без идеја и сознание дека Маркл еден ден би била член на кралското семејство.

фото: PROFIMEDIA

„Таа сака да биде новата принцеза Дијана“, рече тогаш Нинаки Приди.
- Кралското семејство ја фасцинираше. Таа имаше една од книгите на принцезата Дијана на полицата, дури и кога беше во брак со Тревор, таа ми рече дека сака да оди во Лондон на еден месец… Не бев шокирана, дури ни изненадена кога слушнав за неа и принцот Хари. Таа го обожаваше филмот „Дневници на принцезата“, за обична девојка која станува дел од кралското семејство. Идејата навистина ѝ се допаѓаше...

извор:GLOSSY

насловна фото: Youtube/screenshoot

-Стил на денот: Модниот избор на Меган Маркл e копија од Волис Симпсон, жената со која делат иста судбина + носи скриена порака
-Меган Маркл тврди: Кејт Мидлтон ме расплака пред венчавката со Хари, а не обратно
-Интервју на деценијата: Меган и Хари го открија полот на нивното второ дете