Не сакам да вежбам, затоа секогаш носам црно: Ако треба да ослаби, ова е експрес диетата на Моника Белучи која топи килограми за 10 дена
Најубавата Европејка на денешницата, Моника Белучи, важи за една од ретките холивудски диви кои стареењето го прифатиле како нешто природно, без да се трудат да си ја вратат младоста со естетски процедури. Моника гордо зборува за своето тело, секогаш истакнувајќи дека „никогаш не била слаба, ниту пак сака да биде слаба“.
Нејзин приоритет е сè што прави во областа на здравјето и негата да биде едноставно и лесно за правење. Избегнува строги диети или строги режими на вежбање.
„Едноставно е невозможно. Треба да станам во пет наутро за да почнам да вежбам во шест во теретана! Не вреди. Наместо тоа носам црна облека. Многу е полесно и позабавно“, рече еднаш Моника.
Моника Белучи вели дека вежба умерено, главно пливање или понекогаш трчање и јога. Сепак, пливањето ѝ е главна активност и вели дека четири пати неделно плива по 45 минути.
Вели и дека не сака да гладува. Таа за медиумите откри дека доколку улогата бара да ослабне неколку килограми, се префрла на диета базирана на месо, риба и зеленчук и лесно слабее, но веднаш потоа се враќа на режимот каде што јаде се.
"Ја сакам храната и јадам се. Сепак, најмногу ја сакам италијанската кујна, а пред се тестенините и сирењето пармезан. Не обрнувам внимание на видовите на храна, само на количините", рече Моника, а сајтот monicabellucci. net, исто така, дава пример за нејзината исхрана за периоди кога сака да изгуби тежина за 10 дена:
Прв ден:
Појадок: 150 мл јогурт и јаболка.
Ручек: 200 гр варено говедско месо, 200 гр зелена салата и парче пршута.
Вечера: шолја шумско овошје, 150 гр ориз, 50 гр сирење, салата.
Втор ден:
Појадок: шолја кафе, тост и џем
Ручек: Омлет од три јајца, две тиквички и интегрален леб
Вечера: 150 гр месо и салата
Трет ден:
Појадок: Зелен чај и тост со мед, грејпфрут
Ручек: 200 гр печени компири и 100 гр сирење
Вечера: 170 гр шпагети со сос од домати и овошје
Четврти ден:
Појадок: Ниско-масен јогурт со мед и сирење
Ручек: 100 гр ориз, 100 гр тиквички и 100 гр варено говедско месо
Вечера: 200гр риба, салата од зеленчук, леб, овошје
Петти ден:
Појадок: Чаша свежо исцеден сок и солени крекери
Ручек: 100 гр шпагети, салата, портокали или грозје
Вечера: Салата и грав, овошје
По петтиот ден повторете го целиот циклус повторно и диетата е завршена. Оваа диета не носи неверојатни резултати бидејќи се спроведува умерено и се вклучени сите намирници, па затоа треба да изгубите два до три килограми, но нема да му наштетите на телото.
извор:zena.blic