Зрела самоуверена жена која е свесна за својата раскош: Моника Белучи позира без градник (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Една од најубавите жени во историјата на кинематографијата е без сомнение Моника Белучи, која со насмевка го прифаќа стареењето и зрачи исто како и пред неколку децении.

Италијанската актерка Моника Белучи (58) е жена која нема проблем со стареењето и гордо ги носи своите години и брчките и изгледа - величенствено!

Филмската дива во минатото неколкупати ја гледавме во разголени изданија и едиторијали, што не е често случај последниве години, но сега таа направи исклучок и маѓепса исто како и пред дваесетина години.

Моника Белучи позираше за популарниот германски магазин „Мадам“ за кој даде и ексклузивно интервју, а на насловната се појави во проѕирна блуза, украсена со низа златни светки. Актерката не носеше градник под ова провокативно парче, а златните тонови особено ја истакнуваат нејзината убавина и одлично изгледаат со земјените тонови на шминката.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel)


„Каква жена, таа може да се гордее со својот изглед“, „Природна убавина“, „Моника, секогаш биди вака горда на себе“... ова се некои од коментарите.

Италијанската актерка постојано зборуваше за тоа како го доживува нормалниот процес на стареење.

Како што изјави во едно интервју пред неколку години, смета дека знаците на стареење на нејзиното лице се шармантни. 

- Забележав линии околу очите и насекаде. Десет години пред тоа ги немав. Сега гледам колку сум се променила на екранот. Затоа се гледам со сочувство. Мислам дека моите брчки се шармантни – рече еднаш Моника.

- Не ми пречи што ме гледаат како зрела жена. Мора да бидете такви какви што сте. Можеби за 10 години ќе изгледам лошо и ќе се предомислам затоа што ќе имам премногу брчки. Но, во моментов со мене е добро – истакна актерката.


извор: GLOSSY

Ова е мајката на Моника Белучи: Скоро никогаш не е видена во јавност, а актерката од неа ја наследила убавината (ФОТО)

Објавена снимка на кое се гледа лицето на Моника Белучи одблиску, со минимална шминка: Сега на сите им е јасно дека нема ниту една естетска корекција