Немам од што да живеам: Пејачката Ивана Петерс открива дека се изгубила себеси и дека немала заштедено ни денар

Добивај вести на Viber

Во своето признание, таа тврди дека пејачите минуваат низ голгота

Откако Гоца Тржан, Тијана Дапчевиќ, Нина Бадриќ прозборуваа јавно дека пејачите и музичарите немаат од што да живеат, и дека многумина се сладат на „нивниот пад“, Ивана Петерс за „Блиц“ објаснува дека и таа е во многу тешка ситуација.

- Тоа е единствениот приход што го имам во животот. Јас не правам ништо друго. Јас сум само пејач. Сама се хранам себеси и моето дете и членовите на семејството на кои треба да им помогнам. Ми недостасува и пеењето затоа што е моја љубов. Јас целосно се изгубив и не знам што ќе направам ако не најдам начин како да заработам пари - вели Ивана и додава дека најголем проблем е за оние кои не се големи sвезди.

- Сето ова што ни се случува најмногу ги погодува музичарите кои не се мега sвезди, народни музички sвезди и немаат кариера педесет години, како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Навистина не бев во можност да заработам толку многу во мојот живот како што имаат тие. Мислев дека придонесувам за домашната музичка сцена со квалитетна музика. Но, не сакам да се чувствувам виновна сега затоа што не пеам полесна или покомерцијална музика. 

Ивана посочува дека обвинувањата на корисниците на Твитер дека пејачите заработуваат илјадници и илјадници евра не се вистинити.

-Тоа не е вистина. Не секој заработува толку многу. Не секој е голема sвезда. Тоа мора да се разбере. Не секој има ист приход. Не се ценети сите музичари исто.

Поп-sвездата изјави за „Блиц“ дека ја сака својата работа и дека може да одржува и бесплатни концерти, но дека не може да живее без приход што сега го нема. Таа мораше да ги откаже сите концерти.

- Дури го откажавме и концертот на отворено, го преместивме за во септември, затоа што чувствувавме потреба да се подигне свеста дека луѓето треба да се грижат за себе и за другите. Тоа време беше оценето како високо-ризично и реков дека не сакам да настапам. Не сакам некој да се појави без маска и да зарази некого.
Сепак, мора да се најде некој модел на работа за нас. Јас можам да пеам и бесплатно, ми недостасува да пеам, но едноставно не знам како ќе живеам. Тоа е мој личен проблем, моја работа. Луѓето треба да разберат дека фактот дека сме на телевизија и дека сме славни, не значи дека одиме секогаш по нагорна линија и не значи дека ги добиваме работите на убави очи, туку исклучиво со нашата работа и напор - вели Ивана.

Во последно време, пејачите рекламираат разни производи масовно преку социјалните мрежи, а тоа стана нивниот главен извор на приход.

-Немам доволно следбеници на Инстаграм како некои пејачи, така што луѓето едноставно не ме бираат мене и не сум во нивна област на интерес за да се рекламираат преку мене.
Најмногу би сакала да заработам пари со пеење и емоциите што луѓето ги сакаат кај мене. Тоа би било идеално. А бидејќи не може, мора да најдеме решение. Ние музичарите треба да добиеме поддршка, да се направи платформа за настапи на Интернет... Се надевам дека наскоро ќе заврши сто тоа... не сакам да барам трајно решение за ова - рече Ивана Петерс и потоа објасни дека нема заштеда и дека никогаш не собирала за мрачните денови.

- Јас конкретно никогаш не штедев. Немам големи заштеди што би ги издвоила за мрачните денови. Никогаш не сум го имала тоа во животот, затоа што не функционирам на тој начин. Ако заштедам премногу, не заработувам - Марфиев закон.
Кој мислеше дека вакво нешто ќе се случи? 
Сега живеам од исплатите што произлегуваат од моите авторски права, а тоа се пари што доаѓаат повремено во текот на годината.
Знаете, можам да правам и други работи, но јас сум најдобра во тоа што го работам - пеењето... Не е наша вина што сме славни и што сега немаме работа - заврши Ивана Петерс.

извор:blic.rs