Пејачката Џеси Џеј е бремена, го покажува трудничкото стомаче: „Многу сум среќна, но и преплашена“

Добивај вести на Viber

Во видео на Инстаграм британската пејачка го покажа развојот на бременоста, а судејќи по снимката, таа е бремена неколку месеци

Пејачката Џеси Џеј (34) е бремена, а радосната вест ја сподели со своите 12,3 милиони следбеници на Инстаграм.

Пејачката објави и видео во кое го покажа трудничкото стомаче. Судејќи по видеото, Џеси Џеј е бремена неколку месеци. 

- Во исто време, среќна сум и преплашена да го споделам ова. Ве молам бидете нежни со мене – напиша таа под објавата.


Во коментарите ѝ честитаа бројни обожаватели, но и познати фаци.

- Честитки - напиша Рита Ора.

- Многу сум среќен за тебе - изјави Леоне Луис. 

Пејачката пред повеќе од една година со следбениците ја сподели тажната вест дека го загубила бебето.

- По третиот ултразвук ми рекоа дека повеќе нема чукање на срцето. Утрово се чувствував како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе зажалам што го објавив ова. Можеби нема. Навистина не знам“, изјави Џеси претходно.

Признала и дека загубата на бебето ѝ предизвикала голема болка.

-Се‘ уште сум во шок, тагата е преголема, но знам дека сум силна и знам дека ќе бидам ок. Знам и дека милиони жени ширум светот ја почувствувале оваа болка и уште полоша. Се чувствувам поврзана со оние што ги познавам и оние што не ги познавам. Ова е најосаменото чувство на светот – заклучи тогаш таа.


Фото и Видео: Инстаграм