Само две недели по породувањето: Дали е реално Луна Џогани да изгледа вака? (ФОТО)

Луна Џогани блеска, а Миљковиќ откри како ги поминуваат деновите со бебето.

Риалити sвездата и пејачка Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ за прв пат се појавија во јавноста вчера вечер по раѓањето на нивната ќерка Миа.

Луна се породи на 15 јуни, а на прашање од водителот како е, таа одговори:

- Одлично, а Марко интервенираше:

- Лаже, уморна е. Не сме спиеле ниту една ноќ откако дојде бебето. Бебето плаче, бебето бара, како и секое бебе, тоа е нормално. Не сме подготвени за емисијата - додаде Марко. 

- Ниту сум подготвена, луѓето велат „Што ќе правиш во шоуто“. Избегнав да се мерам, уживав во бременоста. Кога последен пат се измерив, имав 88 килограми - рече Луна.

- Жената треба малку да се здебели, нашето бебе излезе совршено - рече Марко.

- Доби 10 како оценка, веќе ја држи главата, по две недели. Миа е иста како и нејзиниот татко, прецртана - рече Луна во емисијата Амиџи шоу.


Фото: Youtube/screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Марко и Луна Џогани ја покажаа новородената ќерка: Малата Миа во прегратки на мама ги разнежни сите (ФОТО)