Шакира скршена од вистината: „Траело многу подолго отколку што мислев“

Добивај вести на Viber

Поранешниот партнер на најпознатата колумбиска пејачка Шакира, Жерар Пике започна љубовна врска со Клара Чиа Марти во 2021 година и ја донесе во куќата каде што живееше со Шакира.

Фановите забележале дека Пике и Клара потоа снимиле интервју за Зум во куќата што ја делел со популарната колумбиска пејачка. Подоцна беше откриено дека таа всушност била редовен гостин кај нив.

Изворите велат дека Шакира моментално се чувствува скршено бидејќи тогаш мислела дека нивниот брак е стабилен. Не можела да поверува дека неговата љубовница се чувствувала удобно во нивната куќа.

„Шакира често патуваше, а тој ја донесе Клара. Таа беше во шок откако дозна дека ја изневерува многу подолго отколку што мислеше на почетокот", рекол изворот.

Потсетуваме дека Шакира и Пике се раделија во јуни минатата година. Тие неодамна постигнаа договор за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.


Фото: Youtube - screenshoot

Шакира плаче во спотот за новата песна посветена на Пике: Но кармата е чудо - тој наскоро ќе мора да го носи нејзиното име на градите