Шест месеци не се појавуваше во јавноста: Познатата тенисерка повеќе не личи на себе (ФОТО)

Изгледот на Јелена Јанковиќ изненади многумина

Дури кога се појави нова фотографија на која можеме да ја видиме поранешната тенисерка, сфативме дека Јелена Јанковиќ всушност долго време не се појавуваше во јавноста. Познатата спортистка сигурно имаше полни раце работа со оглед на тоа што со својот избраник Бранко Бараќ ја добија наследничката Уна, која зема главно место во нејзиниот животен распоред. Затоа сега на многумина им е интересно кога ќе видат колку е изменет изгледот на Јелена Јанковиќ од последното појавување, пред неколку месеци.

Имено, поранешната тенисерка се појави на роденденската прослава на нејзиниот пријател и фризер Стеван Радивојевиќ кој покрај заЈелена се грижи и за косата на многу други познати дами како Цеца Ражнатовиќ. Изгледот на Јелена Јанковиќ за оваа пригода беше лежерен, а бидејќи прославата се одржа во луксузен белградски хотел, таа одговори со својот едноставен, но внимателно избран стајлинг.

- Ти благодарам Јелена што работиме заедно повеќе од четири години и што уживам во твојата убава и здрава коса - порача фризерот на крајот од објавата која после долго време го открива изгледот на Јелена Јанковиќ.


Тенисерката сигурно нема премногу време да се грижи за својот изглед, па затоа е добро што е опкружена со професионалци кога е потребно. Како што претходно истакна, раѓањето на нејзината ќерка Уна ѝ го промени животот, но Јелена ужива во сè што ѝ донесе таквата промена.

 - Трчам по детето, животот целосно ми се промени. Повеќе не сум јас приоритет, ниту моите обврски, туку детето. Така е сега. Сè се заснова на тоа што ѝ треба, да ѝ се обезбеди грижа и внимание, грижата за детето е секогаш тука. Се трудам да бидам добра мајка, да бидам посветена, таа ми е најважна сега. Посебно сега кога е мала, сè ја интересира, сè сака да допре, секаде сака да оди, љубопитна е, тоа е тоа - изјави тенисерката пред неколку месеци.

Извор: story.rs