Со години беа во љубов, сакаше да му роди 5 деца: Кое е првото момче на Јелена Карлеуша?

Во тоа време, тој беше сѐ за неа...

Јелена Карлеуша е позната по својот стил, остри коментари, но и по бурни врски, а наводната афера со фудбалерот Огњен Врањеш неодамна го потресе регионот, додека таа негираше се.

Својата музичка кариера ја започна како тинејџерка, а тогаш беше заљубена во извесен спортист Немања, кого лудо го сакаше и сонуваше да му роди пет деца, како што изјави еднаш самата.

„Мојата прва љубов ми се случи кога имав 16 години и трае, досега. Тој е моето сегашно момче. Патем, мојот прв дечко. Се вика Немања. Тој е спортист и е голема поддршка во мојот живот и работата. Се надевам дека ќе бидеме заедно многу години, како што сме веќе неколку години. Тој е човекот кој многу ми помага и ми дава сатисфакција за да продолжам да го работам тоа што го работам. Го сакам многу, се надевам дека ќе се омажам за него и ќе му родам пет деца“, изјави пејачката кога имаше 19 години и сè уште го сакаше Немања.

Сепак, оваа врска не функционираше. По Немања, таа се вљуби во криминалецот Зоран Давидовиќ Чанда, кој беше застрелан во 2000 година во автомобил „ауди А8“.

Во 2008 година, пејачката се ожени со фудбалерот Душко Тошиќ, а нивниот брак, и покрај разните шпекулации, сепак трае, а двојката има две ќерки, Атина и Ника.


-Висока мода во „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша јавно ги пофали македонската натпреварувачка и дизајнер
-Јелена Карлеуша во реалноста и на Инстаграм: Што најмногу фотошопира