Струмичанчето има само 7 години, а досега два пати ја донира својата коса за изработка на перики за болни дечиња: Адриан е пример за љубов, хуманост и инспирација

Добивај вести на Viber

Браво!

Има само 7 години, а досега два пати ја донира својата коса за изработка на перики за болни дечиња. Адриан кој е ученик во второ одделение во ООУ „Видео Подгорец“ во Струмица е вистински пример за љубов, хуманост и инспирација за многу дечиња, па и повозрасни. 

„Кога прв пат ја донираше косата имаше 4 години и дотогаш никогаш ја немаше скратено. А од тогаш ја растеше косата со намера да израсне доволно долго па да може повторно да ја донира“, ни раскажа Ксенија, мајката на Адриан.  

Момчето е голем батко и брат на две сестрички, Ава 5 години и Ада 1 година. Ава веќе покажувала интерес за да биде како бато, односно ѝ таа сакала да ја донира својата коса, па редовно ја мерела да види дали ѝ е доволно долга за да може и таа да помогне на болни дечиња. 

„На поголемата веќе и имаме раскажувано и знае зошто ја донираме косата, па често и сами ја меруваат за да видат уште колку треба да порасне“, открива мама Ксенија. 

Адриан е вистинска инспирација и неретко како семејство добивале пораки, но и слушале муабети како токму поради него и други другарчиња посебно девојчиња дошле на идеја или добиле желба да ја донираат косата.

Инаку, пред 3 години кога Адриан имал само 4 години прв пат ја донирал својата коса, која ја чувал од раѓање. 


Н. Миланова