Таткото на Џиџи и Бела Хадит со нова девојка која е само пет години постара од неговите ќерки: Мохамед Хадид има љубовно правило кое е проблем за многу мажи

Добивај вести на Viber

Јорданскиот бизнисмен Мохамед Хадид (74) деновиве уживаше во празничниот шопинг со девојката Кени Силва (47) во Беверли Хилс. Со новата љубовна врска тој потврди дека строго се придржува до едно љубовно правило.

Врската меѓу Хадид и Кени стана позната минатата година. Многумина побрзаа да дознаат што повеќе за оваа жена, а не се познати многу детали освен фактот дека таа е речиси три децении помлада од Мохамед или пет години постара од неговата најстара ќерка Мариел (42).

Мохамед Хадид во јавноста е познат како бизнисмен кој гради скапи вили во луксузниот дел на Беверли Хилс, но и како татко на познатите манекенки Бела и Џиџи Хадид, и кој се ожени со познатата манекенка Јоланда Хадид (58), со која беше во брак од 1994 до 2000 година и со која го има и синот Анвар, кој како и неговите сестри и мајка се занимава со манекенство. 

Од 2014 до 2019 година Хадид беше свршен со Шива Сафаи, која е 30 години помлада од него. Тука се крие неговата љубовна мантра - случајно или не, Мохамед излегува само со помлади жени, или подобро кажано, многу помлади од него. Пред врската со Кени, и по веста за нивната романса, тој беше виден во јавноста со девојки кои се генерација на неговите помали ќерки. 

Мохамед Хадид од бракот со Мери Батлер ги има ќерките Алана (37) и гореспоменатата Мариел (42).


Фото: Профимедиа

Извор: женаблиц

На најубавата жена во светот, мајка ѝ и ја купи кариерата: Од грдо пајче до планетарна слава и милиони на банкарска сметка