Тој е лут и фрустриран, а таа пречувствителна: Експерт за говор на телото за Хари – „Принцот сака да ја заштити саканата!“

Добивај вести на Viber

Експерт за говор на телото повторно ги коментираше Хари и Меган, овој пат се работи за вториот дел од документарната серија на Нетфликс, кој беше објавен овој четврток.

Во првиот дел Хари покажувал знаци на нервоза и се посрамотил, а сега, вели експертот, покажува лутина и фрустрација. Дарен Стентон, кого британските медиуми го нарекуваат „детектор за човечки лаги“, го коментираше вториот дел од документарецот.

- Во еден момент додека Хари зборува за напнатата средба со Вилијам, Чарлс и кралицата, се забележува израз на гнев. „Јасно е дека тој сè уште има многу фрустрации и гнев кога се сеќава на таа ситуација“, изјави Стентон за The Post.

Пред да продолжи да зборува за кралицата Елизабета, Хари го триеше коленото со десната рака - гест што укажува на доверба. Неговите очи беа спуштени, а емоциите варираа од лутина до тага, коментира експертот. Стентон рече дека Хари е очигледно конфликтен околу напуштањето на кралските должности.

- Се‘ на се‘, Хари во видеото покажа комбинација од стрес и гнев. Јасно е дека сакал да ги напушти кралските должности, но сакал и да им остане верен на кралицата и на својот татко. Го одвлекле и тој се обидел да даде се‘ од себе за семејството. Хари не е човек кој може да го сокрие стресот или грижата, верувам дека целата ситуација длабоко го погодила – рекол Стентон.

Кога разговараше за негативните написи во кои се споменува Меган, Хари седеше во фотелја со рамениците наназад и раширени раце, што Стентон го опишува како гест на пркос.

- Овој вид на гест често го прави некој кој е сигурен во своите верувања или целосно решен да го каже своето мислење. Неговиот тон упатуваше и на тоа дека е сигурен во тоа што го зборува - изјави експертот..

- Тој е исклучително страстен кон своето семејство и грижата за него, што е јасно од неговиот говор на телото. „Тој гледа огромни паралели меѓу Меган и неговата мајка и јасно е дека сака да ја заштити личноста што најмногу ја сака“, коментира Стентон.

Меган покажа сочувство и емпатија

Што се однесува до Меган, се чини дека покажа помека страна, аспект што не сака да го открие во јавноста.

- Јасно е дека таа целосно го поддржува Хари бидејќи му дозволува да го води разговорот. „Таа продолжи со брзи изрази на сочувство и емпатија, што дополнително нагласи дека е во целосна согласност со нејзиниот сопруг“, рече Стентон.

Иако Меган му изрази целосна поддршка на својот сопруг, таа исто така изгледаше малку вознемирена и фрустрирана, според Стентон. Тој исто така спомна како Хари и Меган изгледаат многу вљубени кога зборувале за основање семејство, желбата да бидат родители и бременоста на Меган. Особено, кога Хари спомна дека сака да биде татко, гласот на Меган падна, што укажува на промена на чувството од среќа во емпатија.


Фото: Youtube  - screenshoot

- Меган Маркл го обвини кралското семејство дека шири негативни приказни за неа: „Таа беше жртвено јагне за да сезаштитат другите членови на палатата“

- „Вилијам викаше на мене, тато лажеше, а кралицата само седеше и молчеше“: Меган заплакала кога ја слушнала страшната вистина

-  Сите чекаа да слушнат што мисли: Реакцијата на поранешниот сопруг на Меган Маркл за документарецот кажува повеќе од зборови