„Живеам за денот кога Меган Маркл ќе шета гола по улиците во Англија, додека луѓето фрлаат измет по неа“: Британскиот новинар брутално ја мрази војвотката - не штедеше потсмев
Фото насловна: Профимедиа
Британскиот новинар Џереми Кларксон мораше да се извини за колумната што ја напиша за „Сан“ за Меган Маркл.
Колумната крена голема прашина бидејќи Кларксон беше многу сликовит во опишувањето на неговата омраза кон војвотката од Сасекс. Би-би-си пишува дека регулаторното тело IPSO примило повеќе од 6.000 поплаки за контроверзниот текст. Написот на крајот мораше да се избрише.
Кларксон не се ни потрудил да го скрие непријателството кон Меган, а одредени делови од текстот се навистина многу непријатни и премногу груби.
„Не можам да спијам ноќе додека лежам во кревет, чкртам со забите и сонувам за денот кога ќе биде принудена да парадира гола низ улиците на секој британски град додека толпата ѝ скандира „Срам“ и фрла измет по неа“, напиша новинарот, алудирајќи на сцена од популарната серија „Игра на тронови“.
Во написот тој напиша и дека Меган ја мрази повеќе од озлогласениот сериски убиец Роуз Вест, која мачеше и уби многу млади жени во текот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век.
По бурата предизвикана од оваа колумна, новинарот јавно се извини на Твитер, пренесува Index.hr. „Ох, боже. Во колумната која ја напишав за Меган, алудирав на сцена од „Игра на Тронови“, што беше непримерно, и тоа на многумина не им се допадна. Не сакав да предизвикам толку бол, ќе бидам повнимателен во иднина“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира:
- Тој е лут и фрустриран, а таа пречувствителна: Експерт за говор на телото за Хари – „Принцот сака да ја заштити саканата!“