Дру Баримор откри дека апстинира од секс од 2016 година: Откако станав мајка го променив начинот на кој гледам на интимноста

Познатата актерка Дру Баримор откри дека не била во интимна врска од 2016 година, бидејќи нејзиниот поглед кон сексот целосно се променил.

Велат дека сексот е добар за здравјето – го зголемува нивото на серотонин и окситоцин, добар е за кардиоваскуларното здравје, спиење, релаксација. Меѓутоа, како што телото реагира на одреден начин кога имате секс, така и одредени реакции се јавуваат кога се воздржувате. Недостигот од секс го отежнува справувањето со стресните ситуации.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно имаат секс имаат понизок крвен притисок во стресни ситуации. Мора да се признае, мастурбацијата може да помогне и во намалување на крвниот притисок и во борбата против стресот. Сепак, познатата актерка Дру Баримор е жена која може да помине години без интимна врска. Таа објави фотографија на Инстаграм на која раскажа „многу лична приказна“ што ја напишала за апстиненцијата како самохрана мајка. 

View this post on Instagram

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)


„На речиси 48 години се чувствувам сосема поинаку за интимноста отколку кога растев. Немав родители кои беа пример за мене и од мала се дружев со луѓе на возрасен начин“, вели актерката, посочувајќи дека претходно преку сексот барала „возбудаи авантура“.

Дру Баримор: Мајка ми на 13 години ме смести во лудница, денес ја разбирам

„Откако имав две деца и се разделив од нивниот татко, го сменив фокусот, да се сакам себеси и моите две ќерки“, рече Дру, додавајќи дека еднаш терапевтот ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов. 

View this post on Instagram

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)


„Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на терапевтот ја правам“, вели актерката.

Дру неодамна во една емисија потврди дека може без секс „неколку години“.
„Што не е во ред со мене што шест месеци не ми изгледаат како долго време? - рече Дру, на што водителот одговори: „Па, да, Дру може без секс шест месеци“, на што таа додаде дека всушност може да апстинира од секс со години.

- Не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен да го охрабри начинот на кој младите жени, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираат на овој свет, рече таа.

Таа потоа појасни дека не мрази секс, туку едноставно сфатила дека љубовта и сексот не се иста работа.

- Имам две млади девојки и едноставно не сакам да носам мажи дома. Мислам дека ќе ми треба многу долго време за да запознаам некого пред воопшто да можам да го запознаам со моите ќерки – додаде таа.

Баримор и Копелман беа во брак од 2012 до 2016 година и имаат две ќерки - 10-годишната Олив и осум-годишната Френки.

Актерката исто така беше во брак со Том Гин од 2001 до 2002 година и со Џереми Томас од 1994 до 1995 година.

извор:МОНДО


Во пеколот на дрогата и алкохолот била на 13 години: Сега нејзиниот живот е сосема друга приказна!