(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВИТОЛИШТЕ): Убавините на Македонија: Село кое маѓепсува на прв поглед

Во Мариовскиот крај уште се раскажуваат итрините на Итар Пејо. Најпопуларниот селанец од народните приказни стана легенда не само во неговиот крај, туку во цела Македонија.

Денес патуваме во мариовскиот реон, во селото Витолиште, кое се наоѓа на 46 километри оддалечено од Прилеп.

Селото кое ве маѓепсува на прв поглед е сместено во подножјето на планината Козјак, под нејзината источна падина, во пределот кој е познат како старо Мариово, од десната страна на Црна река.

Воздухот кој опива веднаш штом ќе влезете во Витолиште е од густата шума над селото во која има најмногу борови. Витолиште е ридско село и се наоѓа на надморска висина од 930 метри.

За Витолиште се врзани најубавите детски спомени на познатиот писател Стале Попов, кој често го споменувал во неговите дела. Попов по потекло бил од земјоделско семејство и роден е во селото Мелница, но основно училиште завршил токму во Витолиште. Дејствието на најпознатиот роман на Стале Попов „Крпен живот“ почнува во Витолиште, кое било центар на Мариовскиот регион, а останало како центар и денес.

Витолиште е рај за риболовци, рај за планинари и за вљубениците на велосипедизмот. Во рамките на фестивалот на отворено Mariovo Off Road Expience, селото редовно го посетуваат  велосипедистите, како и оние кои го сакаат планинското трчање.

Кога сте веќе во Витолиште, убаво е да се посети главната манастирска црква во селото Мелница  „Св. Илија“, како дел од Витолишкиот манастир. Главната селска црква која е веднаш на влезот од селото е „Св. Атанасиј“ која се наоѓа на влезот од селото.

Камените куќи и карпите во повеќе бои се дел од убавината на овој крај кој во секое годишно време вреди да се посети.

М.Џаровска

Фото: Вангел Тануровски

Пред да преминете на галеријата од Витолиште, можеби ќе ве интересира:

Ангелот Гаврил од Курбиново - фреска која вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ, РАЈЧИЦА И МОСТОТ ЕЛЕН СКОК) Убавините на Македонија: Илјада години чуда и легенди

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРАТОВО): Убавините на Македонија: Волшебниот град на кулите и мостовите 

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА) Убавините на Македонија: Богатство кое вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СМОЛАРСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Магија во која се вљубувате на прв поглед

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување