Кога мајка ми наполни 84 години, ја сместив во дом: Оттогаш мојот живот е неописливо подобар и полесен

Добивај вести на Viber

фото:Shutterstock

Кога родителите стареат, а особено кога веќе не се во можност да се грижат за себе, многумина размислуваат да ги сместат своите родители во дом за стари лица.

Овие одлуки никогаш не се лесни и постои осуда од општеството. 
Една жена одлучи да каже зошто решила да ја смести својата мајка во дом за стари лица и како нејзиниот живот се подобрил поради тоа.

„Еден ден се вратив од работа и ја најдов вратата ширум отворена. Налетав во станот и слушнав вода во бањата. Водата се излеваше од кадата до подот и веќе почнуваше да излегува во ходникот.Ѝ викнав на мајка ми, но никој не ми се одзови.

Што да направам, каде да одам? Каде да ја најдам сега, помислив.

Отидов кај соседите, кои ми рекоа дека ја виделе како седи на клупа со други баби од соседството пред влезот на зградата. Истрчав тажно и ја најдов како седи со тие жени и зборува. Ме погледнаа како да не сум нормална. На прв поглед, мајка ми изгледаше сосема нормално, но не знаеја дека страда од Алцхајмерова болест и веќе имаше многу агресивни епизоди. Ја убедив да си оди дома, патем размислувајќи што да правам со неа. Не можам повеќе да ја оставам сама. Не можам да бидам со неа цело време. Зафатена сум, и искрено, не сакам да го поминувам целото мое слободно време во животот, негувајќи ја само неа. Сакам понекогаш да излезам со моите пријатели, да сретнам некого...

Долго време се борев со чувството дека ја изневерувам, дека сум лоша личност, особено во моментите кога таа беше погубена. Тогаш таа страшно ме нервираше.
Кога наполни 84 години, нападите и агресијата почнаа да се зголемуваат. Кога некој доаѓаше да ја посети, таа маваше по луѓето со што и да се најдеше. Секој ден таа почнуваше да остава отворени славини, ја фрлаше целата облека во кадата...

Решив - морам да ја сместам во дом. Најдов еден специјализиран за проблематични стари лица. Таа ќе има постојан надзор таму, што јас не можам да го обезбедам, и одлична грижа.

Мама е таму веќе една година. Почнав да работам подобро, бидејќи сум психички посмирена и поодморена. Мојот социјален живот започна да се подобрува. Моите мисли конечно се смирија...

Секој викенд ја посетувам мајка ми. И знам дека е добро. Сепак, нешто сè уште ме мачи... Можев ли да направам повеќе за неа? Дали и вие ме осудувате?“

извор:stil.kurir.rs

Може да ве интересира:

-Ја изразувате својата љубов кон детето преку жртвување: Тоа е самоуништувачки, тврди психотерапевтот Миливојевиќ

-Син ми за малку ќе ослепеше поради играчки кои ги имате и вие: Мајка го разбранува Фејсбук со објавата

-(ВИДЕО) Симпатично, а тажно: Девојче родено во 2020 година мисли дека сè околу неа е за дезинфекција на раце

-„Ти немаш брендирани патики“: Децата мислат дека се вредни само ако поседуваат нешто што сега е во мода