Ова е згодниот син на Андреа Бочели: Девојките лудуваат по 25-годишниот Матео (ФОТО)

фото:instagram

Еден од најпознатите светски тенори, Андреа Бочели, покрај исклучителниот вокален талент, може да се пофали и со талентирани деца.

Еден од неговите синови тргна по стапките на неговиот славен татко. Тој не само што пее со него на концерти, туку прави и соло кариера.

Матео Бочели пред неколку дена наполни 25 години. Во оваа прилика Андреа објави фотографија.


„Матео живее и дише музика. Мислам дека Матео ја има таа уникатност  во музиката што не може да се научи, а тоа е талентот. Но, неговата решителност, напорна работа и дух на посветеност се исто така важни“, додаде тенорот.

фото:profimedia

фото:profimedia

Андреа ја запознал својата прва сопруга Енрика, една ноќ додека пеел. Тие се венчале во 1992 година, кога Андреа имал 36 години, и тие добија два сина, Амос и Матео.

До 2000 година, Андреа Бочели беше меѓународно име на сцената, но неговиот брак со Енрика не го преживеа притисокот. Двојката се раздели во 2002 година.

Тој се запозна со неговата сегашна сопруга, Вероника Берти, на забава неколку месеци подоцна. Вероника имала 18 години, а Андреа 43 години. Нивната ќерка, Вирџинија, се роди десет години подоцна.





(ФОТО) Слепилото не го спречи да ја исполни желбата на ќеркичката: Андреа Бочели на ролерки


26 години се разлика, неговото слепилото никогаш не ѝ претставуваше проблем: Љубовната приказна на Андреа Бочели и неговата Вероника