Петнаесет необични навики на Македонците

1. Македонците користат ракија за сè! Сигурно пиете, но ако ви е затнат носот? Ракија. Убод од комарец? Ставете ракија. Сакате да ги исчистите прозорите на вашиот автомобил? Користете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија.

2. Македонците секогаш ќе прашаат колку нешто чини. Имате нов часовник? Колку пари е тоа? Нов автомобил? Колку чини? Се чини дека ова е многу важно прашање.

3. Сѐ се врти околу храна. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? 

4. Поради некоја причина сосема е нормално да има теписи насекаде, во сите облици и големини. Дури и во кујната.

5. Секој има прекар. Некогаш тој прекар воопшто не звучи како вистинското име. Но, повторно, повеќето Македонци не се многу креативни со имиња. Најчести имиња се Александар и Ана.

6. Тие секогаш се жалат дека немаат пари, но сепак кафулињата се секогаш полни.

7. Промаја е изум во вашата куќа и според постарите генерации, ова дефинитивно ќе ве разболи и е многу лошо за вас ако не ги затворите прозорците и вратите!

8. Никој не те разбира кога ќе кажеш: јас сум прејаден. Особено бабата. Нема „НЕ“ за неа кога е храната во прашање.

9. Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците се генерално многу фини луѓе, но тие возат како ненормални. 

10. Тротоарите се користат за паркирање, наместо за одење. 

11. Не служат торта на почетокот на роденденската прослава. Парче торта се сервира на крајот од забавата. Во Холандија, на пример, е обратно.

12. Кога Македонците ве канат во своите домови, секогаш носете закуски, или слатки или соленки, дури и кога одите кај вашите пријатели дома. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивното гостопримство.

13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок.

14. Немојте да бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации можат да го разберат шпанскиот јазик. Во минатото тие гледале шпански серии и го научиле јазикот. Денес се чини дека сите гледаат  турски серии, кои се сериозно многу лошо синхронизирани. 

15. Речиси 40 проценти од населението во Македонија ги троши своите последни пари за обложувалници. И можете да најдете околу 800 обложувалници. Тоа е мнолу лудо имајќи предвид дека живеат само 2 милиони луѓе!

Фото: Фајненшл тајмс

Извор: living-abroad.net