Таско стана татко: Синчето доби име со специјално значење (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Македонскиот музички артист Христијан Тасковски - Таско, стана татко

Имено тој и неговата партнерка Наташа која е сопственичка на салон за убавина, за прв пат се остварија во улогата на родители на синчето кое го доби името Лукијан.

Машкото име Лукијан дојде кај нас од Антички Рим. Се верува дека потекнува од името „Луциј“, кое пак потекнува од зборот „лукс“ – „светлина“. Тоа е, името значи “светло” или “сјае”.

„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, раскажа неодамна Таско за „Репортер“.