Каква бомба од фустан: Клои Кардашијан го прослави својот прв Божиќ како мајка на две деца и го покажа синчето

Добивај вести на Viber

Ѕвездата Кардашијан го сподели својот прв семеен портрет со децата Тру Томпсон (4) и момчето кое има околу 5 месеци, за време на прославата на Божиќ.

На фотографијата Клои блесна во неверојатен црвен фустан без прерамки од дизајнерот Николас Џебран и дијамантски накит од дизајнерката Лорејн Шварц.


 Клои ја држи за рака својата ќерка Тру, која беше облечена како нејзината мајка во сладок црвен фустан од La Roxx со неутрални патики Converse и црвена машна во косата.

Клои го држеше својот син во раце. За неговата ретка јавна фотографија, момчето беше облечено во црн комбинезон за да го одбележи својот прв празничен период.

– Среќен Божиќ – напиша 38-годишната Клои, на што Ким Кардашијан одговори „Мои бебиња“.

View this post on Instagram

A post shared by (@khloekardashian)


На други фотки, Клои и Тру се гледаат како уживаат во моментите мајка и ќерка.

– Мојата скапоцена девојка – напиша Клои под фотографијата.


Клои го доби својот син, чие име не е јавно откриено, во јули преку сурогат со поранешниот партнер Тристан Томпсон.

Од септември, таа и НБА играчот не разговараат, освен „за децата“, изјави извор за Е!. Сепак, Тристан се појави на прославите на Ноќта на вештерките на Кардашијан и Џенер, а подоцна го прослави Денот на благодарноста, работејќи со Ким.

Во текот на викендот, Клои им се придружи на своите сестри во домот на Кортни Кардашијан на иконската забава на Бадник, на која имаше изобилство слатки и настап на пејачката Сиа. 

извор:najzena

Вештачката интелигенција предвиде како би изгледале сестрите Кардашијан-Џенер доколку природено старееа: Разликата е голема (ФОТО)

Најомразената членка на ријалити семејството стана мајка, а јавноста повторно ја нападна: „Не се почитуваш себеси...“

Ја изневеруваше трудна, јавно ја понижи, со друга доби дете, таа му прости сѐ и сега чекаат второ заедничко дете: „Нема поголема будала од вљубена будала“