(ФОТО) Четири македонски инфлуенсерки за кои се зборува
Социјалната мрежа Инстаграм е дефинтиивно едно од омилените места на женската популација. Објавувањето на фотографии од својот живот, инспирирање за нови модни комбинации, учење рецепти, пронаоѓање убави места за патување- се дел од секојдневните пребарувања на Инстаграм.
Овојпат имаме четири млади македонски инфуенсерки чии профили на Инстаграм изгледаат како оние на светските блогерки со неколку милиони следбеници.
Во зависност што ве интересира може да ги заследите и да добиете инспирација или за рецепти или за модни комбинации.
1. Стефанија Несторовска
Стефанија Несторовска е 25-годишна девојка на која вежбањето ѝ е дел од секојдневната рутина веќе неколку години. Желбата за подобра исхрана спонтано се разви во она што денес претставува Инстаграм профилот на младата девојка. Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а нивното смислување и тестирање за Стефанија претставува релаксација.
Во нив користи исклучиво здрави намирници, зошто смета дека покрај вежбањето за целиот тој здрав живот огромно значење има тоа што го јадеме.
Сигурно веќе се запознаени со серијалот на здрави рецепти со Стефанија. Изминатите недели ги имавме рецептот за леб од бадеми и кокос, рецептот за лосос со зеленчук , рецептот за највусното смути од јагоди и рецептот за здрави и лесни Американски палачинки од кокосово брашно. Овие рецепти се тотална мотивација за водење здрав начин на живот.
2. Ангела Ѓоргиева
Ангела Ѓоргиева е млада блогерка и влогерка, на чиј Инстаграм профил може да најдете инспирација за секојдневни модни комбинации, како и предлози за шминка.
- Личниот успех и секоја успешна соработка се мотивација за наредната. Ме мотивираат и успешни луѓе што ги следат своите соништа. Се инспирирам од нивната приказна, а добрите книги секогаш ми даваат дополнителна мотивација за реализација на моите. Најчесто моите обврски се планирање нови содржини, снимање и едитирање нови видеа, состаноци и многу сликање. Речиси ни еден ден не ми е сличен на претходниот и тоа е нешто што многу ме исполнува во тоа што го работам- раскажа Ѓоргиева за Женски Магазин.
3. Maryse Jolene
Maryse Jolene е блогерка со над 28.500 следачи на Инстаграм. Препознатлива по својата бушава виткана коса, моделката ја видовме и во видео-записот на Тајзи за песната „Гори“.
Инаку Maryse Jolene е и студент по архитектура, а страст ѝ е фотографирањето.
Таа, како и останатите три инфуенсерки беше дел од кампањата на „А1 Македонија“ и си доби кул мобилен телефон, спакуван како уникатен подарок.
4. Даниела Ѓуровска
Даниела Ѓуровска е млада модна дизајнерка кој зад себе веќе има неколку модни колекции. Таа на својот Инстаграм профил споделува моменти од својот живот, а нејзините модни комбинации се инспирација за многу девојки.
- Секогаш се трудам да знам како ќе ми се одвива денот, сакам и спонтани настани и средби, меѓутоа кога имам распоред полесно функционирам. Ретко се случува да неделата ми е еднолична, дури не сум ни сигурна дали тоа се случило во скоро време. Динамиката во денешно време не ни дозволува да биде монотоно- откри Даниела за Женски Магазин.