Кои познати Македонци го избраа островот на гревот за летен одмор: Миконос, омилена дестинација низ годините на многу наши пејачи

Добивај вести на Viber

Има ли попрестижна дестинација во светот во моментов од Миконос?

Островот Миконос е најпрестижната дестинација за одмор. Половина од Холивудските ѕвезди летуваат таму во моментов. Тука не се исклучок ни Балканските, меѓу кои годинава се Сека Алексиќ, Дара Бубамара...

И додека трае одморот, познатите актери и пејачи не ги ни приметуваат папараците – се пијанчат, се забавуваат, пливаат голи и максимално ги користат сите ресурси на Миконос. Не за џабе овој најатрактивен грчки остров е познат како „островот на гревот“.

Се чини дека Миконос е омилен и меѓу познатите Македонци, па често е нивна дестинација за одмор од соништата.

Така низ годините на островот каде се снимени познатите филмови „Mamma Mia“ и „My Big Fat Orthodox Wedding“, можевме да ги видиме македонските пејачки Каролина Гочева и Елена Ристеска, како и нивниот колега Јоце Панов кој го избра Миконос за меден месец со сопругата.

Каролина Гочева во 2018-тата летуваше на Миконос со сопругот Михаил Корубин, и демонстрираше модни изданија за чиста 10-ка.


Елена Ристеска уживаше две години по ред на островот познат по спектакуларните забави, во друштво на свои блиски пријатели. 



Јоце Панов, исто во 2018-тата замина на меден месец во соседна Грција и тотално се препушти на енергијата која ја има овој остров.


Годинава Миконос, по корона пандемијата, повторно стана актуелен меѓу нашите домашни ѕвезди.

Така Сузана Гавазова во јуни, го „запали“ Миконос со своите „жешки“ изданија во костими за капење. Таа таму летуваше со сопругот и двете ќерки.



И еден од најпознатите мејк ап артисти во земјава, Александар Билјановски - Дадар, паузираше од работните обврски и ги наполни батериите на одмор во Миконос. Таму друштво му правеше неговата добра пријателка, убавицата Софија Каракаева.



Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска исто така беше на летен одмор во овој рајски остров кој има правило кое бара вратите и прозорците да бидат обоени во сина, зелена или црвена боја. Нејзините модни изданија беа за секоја пофалба.



Пејачката Аделина Тахири Марков е уште една убавица која уживаше во плажите, забавите и убавините на Миконос. Со врвни модни комбинации, таа го искористи до максимум убавото сончево време на оваа луксузна дестинација.




*Д.К.И.