Понеделнички муабет со Ана Бунтеска
Дозволено е да грешиме, грешките се нашиот најголем учител и потсетник на тоа до кај сме со сопствениот раст. Додека учиме од нив, има надеж!
Станав роб на сликата за љубовта која е токсична за личноста која се борев да станам и сум. И не! Никој не ми е виновен за тоа. Не прифаќајте панаѓур наместо љубов!
Филмот кој го живеете нека стане филм кој ви е веќе изгледан и чиј тек го знаете! Сменете нешто во себе и за себе. Дозволете си да се смеете на животот и да го дишете со полни гради. И бидете чесни! Кон себе и кон сите околу.
Драги мои, не чекајте! Не си барајте оправдувања за да го одложите она што сакате да го направите за себе. Не барајте некој да ви одобри дека е во ред да ги стокмите работите онака како што вам ви е убаво и потребно.
Од целата куќа најмногу ја сакав визбата. Со истиот распоред како и горниот дел од куќата, ама со посебна приказна. Мирисот уште на самиот влез...газија, влага, дрва и книги.
Откако станав мајка, почнав многу повеќе да ги разбирам постапките на мојата, за која велев “јас кога ќе бидам мајка, ова никогаш, ама никогаш нема да го правам”. И сега се фаќам себе како ги повторувам истите реплики кои сум ги слушала од мајка ми.