(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПЕШНА И ДЕВИНИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Места каде што живеат легендите

Погледот на археолошкото наоѓалиште „Девини кули“ е најубав во овој есенски период. Ако накај Македонски број од Скопје тргнете по патот кој води покрај езерото Козјак, за кој ви раскажавме минатата недела, не прошуштајте ги Девини кули и пештерата Пешна.

Тесниот карпест гребен „Девини Кули” се издига 75 метри високо над реката Треска и е на надморска височина од 596 метри. Од селото Девич, е оддалечено еден километар. 

 Познатата и доста раскажувана е легендата на убавите кули. Во нив, според преданието живееле две од четирите сестри на Крале Марко, Дева и Пешна. Дева живеела во кулата која била најсилно бранета тврдина во целиот регион, а Пешна  живеела во тврдината на влезот од сегашната пештера Пешна, која по неа се вика.

Нашето патување продолжува токму кон Пешна, која се наоѓа на шест километри од Македонски Брод. Гордоста на Пешна е што според спелеолозите, таа е со најголем отвор на Баланот, нејзината висина е 40 метри, а широчината 56 метри. 

Прошетката низ пештерата е возбудлива и мистична, а трае неколку минути, таа е долга 124 метри.

Убавината на пештерата е што во неа ластовиците имаат свои гнезда, а во неа живеат и лилјаци. Токму Девините кули се гледат од внтрешноста на пештерата. На влезот на пештерата постои средновековна тврдина и остатоци од воденица.

Од крајниот дел на пештерата, по силните дождови и топењето на снегот избива силен вруток. Водата доаѓа од селото Крапа, и формира неколку езерца и водопади, кои во сушниот период сосема пресушуваат.

Легендите како да живеат на овие две места. Не пропуштајте да ги истражите богатствата на поречкиот крај.

М.Џаровска

Фото: В,Тануровски 

Можеби ќе ве интересира и

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВИТОЛИШТЕ): Убавините на Македонија: Село кое маѓепсува на прв поглед

Ангелот Гаврил од Курбиново - фреска која вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ, РАЈЧИЦА И МОСТОТ ЕЛЕН СКОК) Убавините на Македонија: Илјада години чуда и легенди

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРАТОВО): Убавините на Македонија: Волшебниот град на кулите и мостовите 

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА) Убавините на Македонија: Богатство кое вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СМОЛАРСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Магија во која се вљубувате на прв поглед

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување