(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРОТ СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ) Убавините на Македонија: Свето место во прегратките на дабова шума

Во прегратките на дабова шума, на околу 2 километри од Крива Паланка се наоѓа манастирот Св. Јоаким Осоговски. Ова свето место е гордост на кривопаланчани, и не само нивна.
Величенствен поглед се пружа од дворот на манаситирот, кога ќе се искачите до него. Манастирот е посветен е на пустиножителот и чудотворец Св. Јоаким Осоговски. Основан е уште во XII век, а познат е и под името името Сарандапор.
Манастирскиот комплекс располага со две цркви. Помалата е посветена на Пресвета Богородица и е градена во 14 или 16 век врз темели на стара црква која постоела на ова место во 11 и 12 век. Во нејзина близина се наоѓа извор со студена планинска вода за која верниците сметаат дека е лековита.
Другата, големата црква Св. Јоаким Осоговски која била започната да се гради во 1847 а била завршена во 1851 година. Манастирот е место за вистински душевен одмор, и целата негова магична околина.
Најмногу луѓе го посетуваат Св. Јоаким Осоговски на 28 август, на празникот Света Богородица. Пред пандемијата, се случувало да дојдат и 20.000 луѓе, не само од Крива Паланка, туку од цела Македонија. За паланчани, овој ден е особено важен.
Ако сè уште не сте го посетиле ова по многу нешта специфично место, направете го тоа што поскоро.
М. Џаровска
Фото: Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВИТОЛИШТЕ): Убавините на Македонија: Село кое маѓепсува на прв поглед
Ангелот Гаврил од Курбиново - фреска која вреди да се види
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ, РАЈЧИЦА И МОСТОТ ЕЛЕН СКОК) Убавините на Македонија: Илјада години чуда и легенди
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРАТОВО): Убавините на Македонија: Волшебниот град на кулите и мостовите
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување
(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БЕЛОВИШТЕ) Убавините на Македонија: Вљубување на прв поглед(ГАЛЕРИЈА ОД ЗРЗЕСКИ МАНАСТИР) Убавините на Македонија: Црква со најретки икони(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАРКОВИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Тврдина и поглед како од бајка(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПЕШНА И ДЕВИНИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Места каде што живеат легендите
Галерија:



































